ПАСКАЛИ ГРУП ДООЕЛ е компанија основана во 2023 година, но има долгогодишно искуство во областа со која работи. Паскали Груп започна со увоз и трговија со производи за пакување, а тоа се: стаклени шишиња за вино, ракија, сокови, масла, стаклени тегли, капачиња за тегли, технички и природни тапи за вино, силиконски тапи за алкохолни пијалоци и друго….
Искуството го започнавме во 2005 година, кога бевме на пазарот за продажба на технички и природни тапи, претежно во огромни количини. Од тој период до сега може да се каже дека меѓусебната соработка со винарските визби со кои соработувавме докажа дека квалитетот е нешто што постои и кон кое се стремиме да го задржиме.
Долгогодишното искуство и соработка со винариите и фабриките за производство на храна е причината денес ПАСКАЛИ ГРУП ДООЕЛ е основана, која нуди можност за задоволување на потребите не само на големите, туку и на малите потрошувачи. ПАСКАЛИ ГРУП ДООЕЛ увезува производи од Берлин Пакаџинг, меѓународна компанија која се занимава со продажба на материјали за пакување и со која го стекнавме нашето долгогодишно искуство.
Можете да купите поголема или помала количина на производи, во зависност од потребите на потрошувачите. Само следете го линкот, каде што можете да ги видите сите достапни производи што ги увезуваме. Отворени сме за соработка, споделување и прифаќање мислења и идеи, како и давање совети за производите.
Слободно можеме да кажеме дека нашето искуство ни овозможи денес да бидеме успешни и достојни да дадеме мислење и понуда за вашите потреби. Можете слободно да не контактирате на деталите за контакт дадени подолу.
Воедно, сакаме да им се заблагодариме на нашите долгогодишни соработници од сите индустрии кои ни веруваа и опстојуваа со нас сите овие години. Нивниот успех е и наш успех и задоволство.
Некои од нашите соработници кои се со нас од самиот почеток, кои доставуваат дел од своите производи за пакување од нас: